МојВоздух

Среднодневна ПМ10 состојба
за претходните 2 дена

Поради енормното загадување на воздухот, на 15-ти Декевмри 2017 година, специјална интервентна акциска група во склоп на Владата на Република Македонија донесе итни препораки кои мора да стапат во сила доколку е исполнет следниот услов (извор):

Бар 2 мерни станици во Скопје, односно 50% во другите населени места, покажат среднодневната концентрација на ПМ10 честички над 200 микрограми на метар кубен во последните 2 дена.

Кои се мерките?

Мерки, доколку условот е задоволен

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да

  • Ги ослободуваат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хрoнична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста
  • Го реорганизираат работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот
  • Ја спроведуваат забраната за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено
  • Обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат следните мерки и активности:

  • Намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз
  • Бесплатен јавен превоз
  • Зголемена фреквенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации
  • Дневно чистење на улиците и пешачките површини
  • Да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла
  • Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот
  • Да издаваат одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот наутро

Градежните компании имаат обврска

  • Да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.)
  • Имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро

Државниот инспекторат за животна средина

  • Да го следи ограничувањето на емисиите од Б-ИСКЗ, односно Б-Интегрирани еколошки дозволи, и помалите инсталации (Малите стопански капацитети)
  • Да ја зачести контролата на инсталациите кои што поседуваат А–ИСКЗ дозвола; Да се спроведат контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух, и истите ќе добијат и препорака да го намалат производството за 50%

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе

  • Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата)

Владата на Република Македонија

  • Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила
  • Да обезбеди ограничување на работите на објектите каде што се гради

Состојба во претходните 2 дена

Доколку условот за стапување во сила на итните препораки е исполнет, редицата на таа станица ќе биде обоена во црвено.

Доколку еден ден просечното загадување надминува 50μg/m³, што е максималната ЕУ граница во тек на 24 часа, тој ден ќе биде обоен во жолто.

Населено место ПМ10 просек завчера ПМ10 просек вчера Услов
* станицата е во Скопскиот регион